Притвор за шест лица од Прилеп поради вчерашното убиство

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Надворешната канцеларија за криминалистички работи- ОВР Прилеп на 15.10.2020 поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик на Македонија и кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл. 131 од КЗ.

 

„На 14.10.2020 околу 20.30 часот на ул. Дебарца во близина на куќата на А.С. најнапред настанала расправија меѓу С.Б. и М.Л. поради навреди упатени од М.Л. кон сопругата на С.Б., по што се приклучиле и Е.Б., брат на С.Б., како и роднините на М.Л. (С.А., М.А., С.А., Д.А.Џ.Л. и С.К.). Притоа со повреди од остар предмет се здобил Е.Б. (31) и бил пренесен во градската болница. Потоа неговиот брат С.Т. ги известил роднините Т.Б., А.Б., Е.Б. и А.Б., по што пред куќата на Џ.Л. настанала физичка пресметка, при што Т.Б. се здобил со повреди на главата, од кои набрзо починал. По преземени мерки од полициски службеници, биле приведени  Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23), а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор“, велат од СВР Битола.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи