ВИДЕО – Потребно е поголемо унапредување на правата и пристапот до услугите на жените од руралните средини

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


15 Oктомври e „Меѓународниот ден на руралната жена“. И оваа година ЛАГ АГРО Лидер од Општина Кривогаштани се вклучува во светското двиижење „17 дена активизам за зајакнување на жените од руралните средини и нивните заедници“. По повод овој меѓународен ден во Прилеп ќе се одржи Трибина на тема „Со еднакви можности до одржливи заедници“, се со цел да се поддржи жената од руралните средини и конечно адекватно да се вреднува нејзиниот труд и таа да го добие заслуженото место во општеството, кое за жал засега го нема достигнато.

 

 

ЛАГ АГРО Лидер активно делува, секоја година, во идентификување на реалните потреби и предизвици со кои се соочува жената од руралната средина. Така и оваа година бевме присутни на терен со теренско истражување, во кое што опфативме 400 жени од руралните средини кои што преку анкетен прашалник одговараа со прашања поврзани со пристапот до права и услуги со коии што се соочуваат тие во руралните средини. Она што е интересно е нискиот процент на жени од руралните средини кои што се задоволни од пристапот до социјални ии здравствени услуги. Околу 85% од жените во руралните средини сметаат дека немаат еднаков пристап до права и услуги во споредба со жените од урбаните средини. И нискиот процент на жени земјоделки кои користеле породилно отсуство. Ова е проблем кој што сакаме да го детектираме бидејќи иако денес постои можност жените од руралните средини да користат здравствена заштита, регистрирани како индивидуални земјоделки, сепак немаат право на користење на породилно отсуство. Сакаме да потегнеме низа други прашања во однос на неинформираноста на жените од руралните средини за некористење на активни мерки и програми за започнување на свој бизнис, развој на  претприемништво во рурални средини. Воедно и недоволната информираност за можностите до пристап до социјални услуги што постојат за жените од урбаните средини и воедно за целокупното население“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ АГРО Лидер.

 

Поради Ковид кризата сите тие кои нема да бидат во можност физички да присуствуваа на настанот, ќе може да се приклучат на истиот онлајн.  Она што е пакк ново оваа година, глас на оваа трибина ќе добијат и новинарите кои ќе може да кажат колку руралната жена е застапена во медиумите и колку треба да биде промовирана нејзината улога. Исто така ќе биде промовирана и една дигитална платформа „домашно.мк“ за електронска продажба на земјоделскии производи подготвени од жените земјоделки.

 

Домашно.мк претставува една иновативна дигитална платформа која што е наменета за сите нас граѓаните на Пелагонискиот регион кои што ќе можат преку платформата да си направат нарачка на вкусни свежи преработени земјоделски производи, а за територијата на градот Прилеп, доставата ќе биде бесплатно обезбедена преку тимот на ЛАГ АГРО Лидер. Она што е интересно е дека во подоцнежниот период ќе ги вклучиме и велосипедистите, ќе обезбедиме достава и на велосипед, со цел да влијаеме врз заштита на животната средина. Но најбитно е дека треба да се приклучиме да ја поддржиме оваа платформа затоа што на тој начин ги поддржуваме локалните производители кои што навистина вложуваат во развој на нашиот регион. Ќе биде поттик за жените да се вклучат во економскии активности и воедно да обезбедат своја економска стабилност и да ги промовираме нашите локални традиционални производи преку оваа платформа“, додаде Тошеска.

 

Ќе се правело и анализа за тоа колку од мерките за поддршка кои ги даваше државата како помош за справување со економската ситуацијата предизвикана од пандемијата на Ковид 19 беа наменети за жените од руралните средини. Со целокупната анализа и споредба со тоа што се се прави за руралните жени во регионот и пошироко ќе се дале до Владата предлог мерки како може да се унапредат правата на руралните жени и нивниот пристап до услугите.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.