ВИДЕО – „Бугарите не беа администратори, туку окупатори, треба да ни се извинат за злоделата на фашизмот“

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Бугарите за време на НОБ не беа администратори туку окупатори. Бурни реaкции во Прилеп по скандалозната изјава на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој побара од спомениците во Македонија да се избрише зборот „бугарски окупатор“. Милан Велески внук на првоборците и народни херои Борка Велески – Левата и Мице Козар вели дека наместо вакви небулози Бугарите ако сакаат добрососедство треба прво да се извинат за своето фашистичко минато.

 

 

„Конфликтите се решаваат единствено со взаемна почит и со прифаќање на историските вистини. Како на пример што Германија се извини за сите убиении Евреи и за сите жртви од нацистичката историја на Бугарија, така мора и Бугарија да се извини за сите злодела направени на територијата на Македонија, за потоа да се најдат заеднички настани и личности кои нас би не воделе во иднината“, истакна Милан Велески, внук на првоборците и народни херои Борка Велески – Левата и Мице Козар.

 

Според Велески овој притисок што моментално се прави врз Македонија за ревидирање на историјата е далеку од сите европски вредности.

 

„Значи ние како најзасегнати, како потомци на Народните херои и на Градот херој Прилеп многу е важно да дадеме апел да не се тргува со македонската историја, да се знаат кои се историските темели врз кои почива оваа држава, и да се почитуваат жртвите кои ги дала Македонија за ослободување од фашистичкиот окупатор. Патем ревизија на историјата, ревизија на потеклото на јазикот и слични други проблеми кои ни се нафрлаат во 21 век, што е нешто неразбирливо, тоа не се европски вредности за кои се стремат сите европски земји“, додаде Велески.

 

И Круме Соколоски, претседател на организацијата на борци во Прилеп, кој на свои 12 години учествувал во НОБ вели дека Бугарите биле окупатори.

 

„Окупатори на Македонија беа фашистичка Бугарија. Тие кога ќе фатеа партизани ги применуваа сите методи за притисок за да признаат. Партизаните се бореа за Македонија. Јас уште како млад, иако имав само 12 години, секогаш сум се чувствувал Македонец“, изјави Круме Соколоски, претседател на организацијата на борци во Прилеп.

 

И Велески е Соколоски порачуваат доколку политиката не ги тргне рацете од овој спор тешко ќе се дојде до решение.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи