Поради пандемијата во прилепскиот суд се натрупуваат предмети – институцијата нема услови за онлајн судења

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Пандемијата со ковид-19 ја забави работата во прилепскиот суд, поради што се натрупуваат предмети, изјави денес претседателот на судот Зоран Стеваноски.

 

Стеваноски причината за неажурноста на институцијата ја гледа во отсуствата на странките во предметите, но и во недостигот на кадар. Имено во Судот работат 14 судии од потребните 18-19, од кои седум работат во кривичниот оддел, шест во граѓанскиот оддел, плус претседателот.

 

„Ни фалат судии, особено во кривичниот оддел и во прекршоци. Тоа започна да се одразува врз работата на судот. Почнуваме да не го совладуваме приливот на предмети заради сите овие причини и да покажуваме мала неажурност. Покрај тоа овие месеци константно имаме отсуство на 10 до 15 вработени во судот поради пандемијата и користењето мерки, а дел од странките и не доаѓаат на рочиштата поради страв“, изјави Стеваноски.

 

Во овие девет месеци има нерешени 300 предмети во граѓанскиот оддел, односно 400 во кривичниот. Моментално во Судот има и 243 предмети постари од две години кои чекаат правда заради неприсутност на обвинети, заради доцнење на вештачења и необезбедени услови за одржување на судења.

 

Според Стеваноски, Прилепскиот основен суд нема технички услови за онлајн судења, ниту пак е сигурен дека тоа е во скад со одредбите на ЗКП.

 

„Секое решение треба да се прифати. Но немаме услови за одвивање онлајн-судења. Покрај тоа што немаме техничка опрема, има и друг проблем, а тоа е што во Законот за кривична постапка предвидено е непосредно присуство на судењата. Значи тешко ќе биде изведбата на онлајн судењето, иако за мене е прифатливо било кое решение што би резултирало со добри резултати“, рече Стеваноски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи