Истражување на „Станица ПЕТ“ : Пациентите во Прилеп на болница си носат храна, лекови и постелнина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Пациентите во прилепската болница најмногу се жалат на лошата хигиена, несоодветна исхрана, неприлагодена на дијагнозата на пациентите, како и на тоа што на сите лежечки пациенти им било напоменато дека треба да си носат прибор од дома, а често се случувало на нивните семејства да им биде кажано да донесат и храна за пациентот. Пациентите се жалат е на стари и дотраени постелнини, поради што често морало да си носат и чаршафи од дома. Ова се само дел од заклучоцте на истражувањето кое го направила НВО „Станица ПЕТ“ од Прилеп во период 2018-2019 година за тоа како се трошат јавните пари во здравството. Исто така пациентите делумно имаат проблеми и со лошиот однос на медицинскиот персонал.

 

 

Она на што најмногу реагираат граѓаните е тоа што иако има милионски тендери за набавка на опрема во болницата, сепак има недостиг на магнетна резонанца што е дополнително ги изложува на трошоци пациентите да патуваат во други градови, а најчесто се става во ризик и нивното здравје поради долгата листа на чекање за закажување на термини. Лежечките пациенти често пати сами си набавувата терапија ккако и потрошни материјали, како што се игли и шприцеви“, рече Христина Здравеска, здружение „Станица ПЕТ“.

 

НВО „Станица 5“ има забелешки и на ненавремено планирање на значајни јавни набавки и непочитување на временската рамка и проценетата вредност на набавката. Користењето на иста тендерска документација и техничка спецификација за ист вид набавки од година во година.

 

И во таа насока ние препорачуваме подобро планирање и анализа на потребите на пациентите од година во година, да не се повторуваат истите јавни набавки од годиина во година бидејќи потребите на пациентите се променуват“, додаде Весна Шапкоски, здружение „Станица ПЕТ“.

 

Во иднина се бара поголема транспарентност на болницат, усогласување помеѓу јавните набавки и реалните потреби на пациентите, што ќе доведе до поголема достапност на услугите и терапијата за пациентите.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи