ВИДЕО – Одделението за „Уво, нос и грло“ во Прилеп се преадаптира за пациенти заболени од Ковид 19

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Ситуацијата со Ковид 19 во Прилеп е навистина алармантна. Поради преисполнетост на капацитети на инфективното одделение во Прилеп со заболени од Ковид 19, во општата болница се приспособуваат цели оддели за да ги примат новите пациенти чиј број секојдневно рапидно расте. За ова намена е приспособено одделението за уво, нос и грло, каде веднаш се хоспиталиизирани 10 пациенти со полесна клиничка слика и 5 пациенти кои ги чекаат резултатите од тестовите. Овие пациенти биле под надзор на општите лекакри вработени во болницата, додека пак во инфективното одделение има 24 пациенти во потешка состојба, кои се под надзор на инфектолозите.

 

 

Со оваа пренамена во Прилеп засега има уште 12 слободни места, а ако и тие се исполнат ќе се преадаптирал и еден отсек на Интерното одделение со 30 кревети. Се решевал и проблемот со недостиг на кадар и централен довод на кислорот за инфектовното одделение кое се наоѓа во посебен објект надвор од главната болничка зграда.

 

„Имаме простор за уште 12 пациенти во моментов, доколку се исполни тој број наредна опција за решавање на проблемот е едно крилов во интерното одделеие се приспособи за пациенти со Ковид 19, каде иима отприлика уште 30 места. Маки мачиме да обезбедиме кадар, а исто така имаме пратено и сестри во Инфективна клиника во Скопје, така што во наредниот период планираме да примиме уште 4 до 5 болничари, а исто така имаме потреба од 5 до 6 сестри да се ангажираат. Неможиме да губиме време, а и треба согласности да се примат со оглас или со договор на дело, во разговор со правниците има опција согласно законот за работни односи времено да бидат ангажирани во траење од 30 дена. Бидејќи ние имаме кислородна станица која што е во близина на инфективното одделение со финансиски средства на прилепските фирми планираме од идната недела да се започне со изградба на тој довод за кислород“, вели Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

Директорот Драган Богоески категорично ги отфрли вчеррашните обвинувања на НВО „Станица 5“ дека пациентите во Прилеп кои се хоспитализираат самии си носат храна, лекови и постелнина и дека имало нехигиена во болницата. Демантираше и дека несоодветно и неадекватно се трошеле народните пари при јавните набавки.

 

„Од 2017 откако јас сум раководител, финансиската ситуација е многу добра. Многу добро се памети дека до 2017 болницата беше блокирана и не можеше да набавува лекови и другии медицински материјали. Овие последни 3 години ништо не фали во болницата, а најмалку недостасувата кебиња, постелнина и перници. Крајно несовесно е и ноторна лага е тврдењето дека пациентите во овој период од 2017 до денес купувале шприцеви и игли или купувале лекови. Пациентите можи по своја иницијатива да донесат храна од дома, но никој не ги уценил дека нема храна и дека мора да носат од дома. Беше споменато дека биле потрошени милионски суми, а не се набавила магнетна резонанца. Па магнетна резонанца не е пет пари, магнетна резонанца можи да обезбеди Министерството за здравство, а ниту една болница сама нема купено магнентна резонанца“, додаде Богоески.

 

Инаку денеска во Прилеп има 28 новозаразени со Ковид 19 и 2-јца починати на 55 и 56 годишна возраст.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи