„Магазин“ – ново дневно шоу на Сител телевизија

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Наскоро на Сител започнува забавното шоу „Магазин“. Водителките Јана Серафимова и Јелена Богојевиќ ќе ве одведат во светот на познатите, но и не толку познатите.

 

Од прва рака ќе видите како живеат славните, што е она што најмногу ги плаши, а на што најчесто се радуваат.

 

Ќе стиснат заби и ќе одговараат на прашања што до сега никој не им ги поставил.

 

Ќе си ја отворат душата и искрено ќе говорат за нивните неуспеси и грешки. Кога се засрамиле, а на што се смееле до солзи.

 

 

Во Магазин Сања Димитровска и Александар Динев ќе разговараат со медицински лица, кои ќе не посоветуваат како до подобро здравје, животен стил, но и кои се здравите навики кои треба да ни станат пракса.

 

Интересни животни приказни од цела Македонија, анкети и игри со граѓаните на улица, незгодни прашања и забавни одговори поткрепени со пригодни награди, но и директни јавувања во студио.

 

50 минути возбуда,совети, забава и смеа. Плус забавни игри и прашања од фановите за гостите во студиото.

 

Се за емисијата можете да најдете FB на https://www.facebook.com/magazinsiteltv

 

Или ако сакате да ни предложите нешто или да не прашете пишете ни на email [email protected]

 

Отворено, искрено и без предрасуди – Магазин секој работен ден на Сител Телевизија во 10.00 часот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.