Почина митрополитот црногорско приморски Амфилохиjе

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Митрополитот црногорско приморски Амфилохије утрово почина во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, соопштуваат од Митрополијата.

 

Митрополитот Амфилохије почина во осум часот и 20 минути, а Митрополијата наведе дека дополнително ќе биде известена јавноста за деталите за погребот.

 

„Јавноста наскоро ќе биде информирана за сите други детали во врска со погребот на Преосвештениот митрополит. Вечно спомен и Царството небесно”, наведува Митрополијата.

 

Амфилохије е роден како Ристо Радовиќ, на Божиќ, на 7 јануари 1938 година, во Баре Радовиќ во Доња Морача. Завршил богословија на Свети Сава во Белград, на Богословскиот факултет. Студирал класична филологија на Филозофскиот факултет во Белград.

 

Бил на постдипломски студии во Берн и Рим, а докторирал во Атина. Се замонашил во 1967 година во Грција, а една година подоцна станал јеромонах.

 

Тој беше декан на Богословскиот факултет, а во 1985 година стана епископ на Банат. Беше востоличен како Митрополит на Црна Гора-Приморје-Скендерија-Брдо-Зета и егзарх на Пеќ во пресрет на Божиќ 1991 година.

 

Амфилохије беше втор по ранг меѓу епископите во хиерархијата на Српската православна црква, веднаш по српскиот патријарх. Во февруари 2012 година, тој доби почесен докторат од Институтот Свети Сергиј во Париз.

 

Инаку, на Амфилохије на 6-ти октомври му е дијагностициран коронавирус, а истиот ден и беше примен во КЦЦГ.

 

Неговата здравствена состојба во меѓувреме се поправи, а на 20 октомври направените тестови покажале дека е негативен на коронавирус. Вчера, ситуацијата нагло му се влошила и било приметено отежнато дишење.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.