ВИДЕО – Во Прилеп и очно, како и едно крило во интерно стануваат Ковид центри, специјализантите ќе се враќаат дома на помош

Поради зголемениот број на граѓани заболени од Ковид 19 кој во последно време во Прилеп се движи околу 60 на ден, освен одделението за уво нос и грло, за неколку дена ковид центри ќе станат и очно одделение и едно крило во интерното одделениие со што на располагање ќе се добијат уште 50-тина места плус. Во моментов хоспитализирани се околу 60 пациенти. Но за да може да се раководи со ситет овие одделениија прилепската болнициа побарала од мииниситерството за здравтсво во Прилеп да се вратат назад сите специјализанти за може да помогнат околу борбата со Ковид, но и да помогнат во лекувањето на пацииентите во другите одделенија каде има недостатток на кадар порадии заболени медицински лица со корона вирус.

 

 

Имаме проблем со кадарот, како и во сите други болници низ државата и во прилепската болница постои проблем со кадар. Од причини што прво, во неколку одделенија имаме пациенти позитивни, како и заболени од ковид-19 и дел кои се во изолација, што го намалува бројот на медицинскиот персонал кој треба да одговори на барањата на пациентите општо, како и барањата на пациентите заболени од ковид-19.

 

Во инфективно одделение повремено уфрламе сестри од другите одделенија со цел да им помогнат, бидејќи таму е најоптеретена состојбата со број на пациенти кои лежат, број на пациенти кои имаат потреба од преглед и број на пациенти кои имаат потреба од терапија во дневна болница. Сега правиме напори да се зголеми дополнително бројот на сестри кои ќе бидат ангажирани во инфективното одделение, а исто така како отвораме нови ковид центри, мора и таму да го зголемиме бројот на здравствени работници и болничари.

 

Најголем проблем се докторите, не се создава доктор преку ноќ за лекување на тие пациенти. Ќе поднесиме барање и разговарано е во допис со министерот да ги повлечиме повторно специјализантите да ги вратиме назад во болница Прилеп, со што би обезбедиле персонал од доктори, кои ќе бидат вклучени во работењето на сите одделенија, затоа што сите одделенија имаат недостаток на специјалисти во старт, а сега со појавата на дел од тие доктори кои се заболени или позитивни на ковид-19, бројот уште повеќе е намален“, истакна Драган Богоески, директор на општа болница во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи