Во Прилеп доделени наградите „3 Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на градот

На свечена седница денеска во Прилеп беа доделени наградите „3 Ноември“.

 

За особен придонес во развојот на новинарската професија, награда за животно дело „Златна плакета“ му се доделува на новинарот Миле Талески.

 

 

„Златна плакета“ за животно дело, за особен придонес и создавање трајни вредности во музичката уметност, постхумно и’ се доделува на Нина Спирова.

 

 

За покажана посветеност, одговорност и пожртвуваност при справувањето со пандемијата на Ковид-19, награда Плакета „3 Ноември“ им се доделува на:

 

  • Одделот за инфектологија при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп;
  • Службата за итна медицинска помош и домашно лекување при ЈЗУ Здравствен дом Прилеп;
  • Одделението за трансфузиона медицина – Прилеп при ЈЗУ ИТМ на РСМ;
  • Одделението за епидемиологија при Центар за јавно здравје Прилеп.

 

 

За покажана висока општествена одговорност во справувањето со пандемијата на Ковид-19, добитник на Плакета „3 Ноември“ е компанијата „ГИФТИ ТЕКС“ ДООЕЛ Прилеп, а за придонес во заедницата преку младински волонтеризам и хуманитарни активности, Плакета „3 Ноември“ добива ЛЕО КЛУБ Прилеп.

 

 

Добитници на Дипломи „3 Ноември“ се:

 

 

  • Ванѓел Здравески, член на медицинскиот тим кој ја изврши првата трансплантација на срце во РСМ;
  • Асен С. Стаменов, за особен придонес во развојот на литературното творештво;
  • Киро Здравески, за постигнувања во областа на џудо – спортот;
  • Андон Јованоски – Ашата, за постигнувања во областа на театарската уметност.

 

 

Постхумно, Диплома „3 Ноември“ му се доделува на Вељко Силјаноски, основоположник на македонската фонетика, фонологија и компаративна книжевност.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи