Еве кога и каде ќе има помени за Задушница – лепчињата за славата за Митровден ќе се пеат исклучиво во црква

Известување на прилепското архиерејско намесништво за Задушница и Митровден

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАДУШНИЦА

 

Во ПЕТОК (06.10.2020) во Свето Благовештение (Стара Црква и Свето Преображение (Грчка Црква), ќе се пејат помените од 07. 00 до 11. 00 и од 15.00 до 17.00 часот. На новите гробишта од 12.00, а на старите гробишта од 13.00 часот.

 

Во САБОТА (07.10.2020) во двете цркви ќе се пејат помените непрекинато од 07.00 до 17.00 часот, а на гробишта нема да се оди, поради Митровденскиот заслог.

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МИТРОВДЕН

 

Браќа и сестри во Христа, наши Прилепчани. Поради корона кризата и запазување на мерките и протоколите, пропишани од здравствените работници, ве известуваме дека оваа година, ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА, како би се запазиле сите безбедносни мерки. Она што беше пракса во домовите на верниците, овој пат ке биде во Божјиот дом – Црквата. За да се избегне било какво групирање, веднаш по доаѓањето во црква, ќе се прережува лепчето посветено на светецот на вашиот дом од страна на вашите парохиски (реонски) свештеници.

 

НА 7ми, САБОТА, ЗАСЛОГ НА МИТРОВДЕН: СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) И СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА) ОД 07 ДО 17 ЧАСОТ, А СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) И СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) ОД 11 ДО 13 ЧАСОТ.

 

Нека ни се за многу години и на помош, заштитниците на нашите домови и семејства, во ликот на светителот од куќната слава, Светиот великомаченик Димитриј.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи