ВИДЕО – Ситуацијата во Прилеп повеќе од драматична, болницата преполна, а персонал нема

Ситуацијата со Ковид 19 во Прилеп станува и повеќе од драматична. Денеска неколку граѓани од Прилеп заболени од Ковид 19 се пожалија до нашата редакција дека и покрај тешката ситуација во која се наоѓаат не биле примени во прилепската болница и биле враќани назад со оправдување дека нема повеќе место во болницата. Директорот Богоески вели дека никој не се враќа, но признава дека притисокот врз инфективното одделение е огромен и дека можеби некој самоиницијативно си заминал бидиејќи за преглед се чека со часови. Само денеска биле прегледани 80-тина пациенти.

 

 

„Две екипи работат, доктор, сестра, значи специјалист со помлад доктор, едвај стасуваме да излезиме во пресрет, капацитетите ни се преполнети“, истакна Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

Покрај одделението за уво, носи и грло, ковид центри се планира да станат и очно и еден отсек во интерното одделение. Но за да профункционираат тие центри потребен е персонал. Според дииректорот за лекари ќе се снајделе бидејќи се вратиле назад специјализантите, но насушно требаат медицински сестри и болничари. Засега никој не се пријавувал за работа, а опција Б нема, освен да менаџира со тие кадри кои ги има болницата.

 

„Не можиме да собериме персонал кој би ги опскрбувал тие пациенти, бараме начини, преку луѓе, колеги, сестри, болничари кој има некои познаници да побараат ако некој сака да се пријави и да ги ангажираме во работењето. Бројот на пациенти е огромен за да можи 1 до 2 сестри да ги опскрби или пак 1 болничар тешко може да одговори на 30 и кусурот пациенти. Доколку не се најде персонал неможам да кажам за опција со оглед на целата оваа здравствена ситуација, вие и самите гледате дека во сите градови преполни се одделенијата. Која опција да ја бараме?“, додаде Богоески.

 

Освен за прегледи и хоспитализација пациентите чекаат и за тестови. Еден од нив, кој ги има сите симптоми на Ковид ни се пожали дека денеска за тестирање му закажале дури во понеделник идната недела.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи