ВИДЕО – Тутунарите бараат флексибилност од откупувачите околу предавањето на тутунот – дел се заразени, а дел во изолација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поради пандемијата на Ковид 19 тутунарите се соочуваат со проблеми уште пред самиот стар на откупот кој треба да започне за неколку денови. Од Сојузот на земјоделски здруженија побараа откупувачите да имаат поголема флексибилност поради тоа што голем дел од тутунарите можеби нема да можат да го предадат тутунот во законскиот рок, затоа што некои од нив се заболени од Ковид 19 или пак се наоѓаат во изолација.

 

 

„Затоа бараме разбирање од откупувачите да му дадат на секој тутунопроизводител и втора шанса, да се договараат со тутунарите кога може да го спакуваат тутунот и гледаме дека временските услови моментално не се добри за пакување на тутунот. Што значи дека ако некои откупувачи сакаат да започната со откуп од 16 ноември, тоа значи дека можеби тутунарите нема да бидат подготвени за да го предадат нивниот род на 16-ти“, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделци.

 

Друг голем проблем е тоа што се открило дека некои откупувачи договорите за тутун наместо на 31 мај, ги доставиле дури сега и без да знаат тутунарите двојно им ги намалиле претходно договорените количини за откуп. Тутунарите се во паника и бараат иитно разррешување на овој проблем, затоа што не знаат што ќе прават со произведениот тутун.

 

„Пример ако минатата година имал 5 тони, оваа година се гледа дека тутунот му е намален скоро за половина односно 2,5 тони. Тоа значи дека ние како претставници на тутунарите ќе наидеме на недоразбирања од веќе нејасни причини зошто откупувачите тоа го направија“, додаде Перо Стојкоски, здружение на земјоделци „Клас“.

 

Тутунарите бараат цената на тутунот да биде иста какко лани и да не биде помалкку од 220 до 230 денари за килограм, затоа што родот бил квалитетен. 10-те откупувачи имаат склучено договор за 23 милиони килограми, а законски е пропишано дека треба да откуат плус 10% од договорениот род, што значи треба да откупат околу 25 милиони килограми.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи