„Викенд во Крушево“ и „Крушево низ корија“ со акција „Донирај компјутер“ за децата од Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Викенд во Крушево започна со акција Донирај компјутер преку која ќе се потрудат да обезбедат компјутери за деца од Крушево кои не можат да следат „онлајн“ настава.

 

Првиот компјутер веќе е дониран, а пред неколку дена пристигнал и вториот компјутер.

 

Оваа акција се спроведува заедно со организторите на фестивалот Крушево низ корија и се повикуваат сите кои имаат функционални компјутери да ги донираат за да се овозможи на сите деца да следат настава во период на пандемија.

 

„Нашата работа е да го промовираме Крушево и да ги информираме сите туристи за се што е поврзано со туризмот во нашиот град. Но, решивме да бидеме и општествено одговорни и да помогнеме на најмладите. Оттука, заедно со Крушево низ корија ја започнуваме акцијата Донирај компјутер. Сите кои можат да донираат нека го направат тоа, а тимот на Викенд во Крушево ќе се погрижи компјутерот да заврши на вистинското место.“ велат од тимот на Викенд во Крушево.

 

Тимот се заблагодарува на поддршката и соработката со ОО Црвен крст Крушево, ООУ „Никола Карев“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и општина Крушево.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи