ВИДЕО – Градоначалникот Јованоски се враќа на болница и се вклучува во борбата со Ковид 19

Поради алармантната ситуација со Ковид 19 во Прилеп и огромниот недостиг од медицински персонал во болницата и градоначалникот Илија Јованоски се вклучува во борбата со пандемијата. Бидејќи и самиот е лекар ќе биде дел од работата на инфективното одделение. Смета дека работата во Општината нема да трпела бидејќи и онака поради пандемијата таму бил намален обемот на работа. Ги повика и своите колеги кои можат и тие да волонтираат и да помогнат.

 

 

„Токму ова сакав да го покажам со личен пример и да им покажам со мојот пример на сите колеги, медицински сестри, болничари, да се пријават како доброволци и волонтери да помогнат во овој момент, затоа што на граѓаните, на општеството, на граѓаните од нашата општиина во овој момент најпотребна им е медициската услуга што ние мора да ја дадеме, затоа што никогаш не било вака алармантно“, велии градоначалникот Илија Јованоски.

 

Инаку прилепската болница е преполна. Ситуацијата полека излегува од контрола. За само една недела има 377 нови случаи на Ковид 19 и 15 мина починати. Во ноќните смени на 30-тина болни има само по една сестра и еден болничар. Засега се вратиле 15 специјализанти, а се вработиле привремено и неколкку сестри. Но и тоа е премалку. И покрај отворениот повик за привремени вработувања никој не се пријавува.

 

„Ги поканувам, ги повикувам и мислам дека ќе најдеме можност да бидат тие платени. Ако евентуално болницата нема формално-правна можност за тоа, во петок има седница на Совет на Општина Прилеп, ако има потреба повторувам, јас ќе побарам да се одделат средства за да се платат овие здравствени работници кои и тоа како и се потребни на нашата општина“, додаде Јованоски.

 

Бидејќи Центарот за јавно здравје од Прилеп имало апарат за ПЦР тестови, се планира и тука наскоро да биде отворен центар за испитување на тестовите за Ковид 19.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи