„Лунарно – Соларно, Камено – Метално, Клин“ – изложба од уметникот Дамјан Ѓуров

 

 

Денес, 13.11.2020, петок од 12.00 часот во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела „Лунарно – Соларно, Камено – Метално, Клин“ од уметникот Дамјан Ѓуров.

 

Симбиоза на три циклуси преку техничка и идејна концепција

 

Во циклусот Лунарно-Соларно се потенцира на потребата за симболичко доживување на светот и неговиот космоген карактер.Во овој случај, во рамки на соларниот систем. Како директен обликувач на менталниот светоглед и потребата од одговор на загатките. Додека пак во циклусот  Камено-Метално време се навраќам повеке на земскиот карактер и поопипливо ја доловувам земската и архаична димензија кај човекот,за на крај во последниот циклус Клин, на сосема различен пристап а  сепак симболички, го соочувам човекот со егзистенцијалните проблеми и неговото присуство во општество.   Циклусите Лунарно-Соларно и Камено-Метално време имаат еден сличен пристап во начинот на кој се комбинираат матријалите и нивното спојување.Симболиката се проткајува низ делата од двата циклуси и преку спојувањето на матријалите и преку идејната концепција. Видно е изоставен фигуративниот приказ на човекот. Во циклусот КЛИН навестувам едно ново поглавје. Од технички аспект  во смисла на матријалната концепција, (мислам на комбинирањето на различни матријали)но и преку фигуративниот наративен приказ на анатомијата и самиот човек.

 

Во целата оваа симболичка и историска вертикала, главниот чинител и создавач  е човекот и преку него продолжувам да ја толкувам мојата приказна (концепција).

 

Сите овие циклуси имаат за цел да се долови развојот на една мисла како во идејна така и во техничка смисла.

 

Овој начин на излагање  е исто така запознавање на пошироката публика со моето  минато творештво се со цел да се направи една мала ретроспекција.

 

ЛУНАРНО-СОЛАРНО       

 

Според Рене Генон кој бил француски писател и интелектуалец кој останува влијателна фигура во доменот на метафизиката,роговите на овенот имаат соларен карактер (машки принцип), а оние на бикот-лунарен (женски принцип).    Рогот има значење на височина,издигнување.Тој е симбол на моќ.Всушност,моќ на животните кои го носат рогот.Роговите потсетуваат на значењето на животната сила,на периодичното создавање,на неисцрпниот живот, на плодноста.Затоа симболизираат возвишеност и благосостојба на кралската моќ.По примерот на Дионисиј, Александар Македонски бил претставен со рогови за да ја симболизира својата моќ и својата надареност кои го доведувале во сродство со божествената природа и требале да го обезбедат просперитетот на неговото царство.

 

За циклусот ЛУНАРНО-СОЛАРНО имам изработено десетина дела од галериски формат и се изработени во комбинација со повеке матријали и тоа:мермер, метал, коски, рогов.   Најважното за овие дела покрај идејната концепција е техничката изработка и врзување(спој) на одредени матријали во една целина.

 

КАМЕНО-МЕТАЛНО ВРЕМЕ

 

Каменот и металот како матријали, потребата од  комбинирање и нивно спојување  се јавува како првична причина во процесот.Во  фокусот на моето интересирање а можеби и најважниот дел од процесот е разбирањето и чувствувањето на матријалите како афтентични,изворни па дури и како носители на архаични  својства .Различниот пристап и третман  што ни ги нудат овие два матријала може да се види во делата кои ги изработив.

 

За делата важи едноставноста во комбинирањето, функционирањето на двата материјала во една, би кажал монолитна содржина (во одредени сличаи) и нивнат текстурална синтеза(во други случаи).Кај некои дела металот е прво удиран со чекан за да се добие нерамна површина се со цел преминот од камен во метал да биде што по рамномерен.Реплицирана е формата на каменот во  иста метална форма така што каменот добива еден по различен завршеток или целина.

 

КЛИН                             

                              

Идејната концепција и темата кои ги обработувам во овие дела реферираат на егзистенцијалните проблеми и прашања поврзани со човекот. Егзистенцијата третирана преку призмата на естетичкото и етичкото доживување на човекот и силната желба прашањето да се постави како што треба, што е воедно и поривот за објективната вистинаТоа како што треба е заради немоќта или губењето на способноста за објективна формулација на самото прашање. Човекот е метафорично прикажан закован како клин, повеќе свесно а помалку несвесно, во слоевите на системот, во неколку внимателно избрани емоционални вредности.

 

Човекот како КЛИН,забиен. Клинот како средство за потковување,закован, моделиран , насилно и ненеасилно во историската вертикална  хронологија. Човекот како центар, како начин, алатка, средство, како вистина и невистина.

 

Делата се во галериски формат, изработени од бронза,Камен и метал.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.