ВИДЕО – Одводни канали за спречување поплави се градат во општините Mогила и Малиќ

Општините Могила во пелагонискиот регион на Северна Македонија и Малиќ во регионот на Корча, Албанија, се две рурални општини кои скоро секоја година во есенскиот и зимскиот период се погодени од поплави.

 

 

Повеќето од поплавите се предизвикани од прелевање на поголемите реки и неисчистени канали или пак немањето воопшто на соодветна мрежа за дренажа на водата.

 

За да се спречат во иднина поплавите во Општините Могила и Малик се започнува со имплеметација на проектот „Превенција од поплави за заштита на животната средина“ финансиран од IPA 2 програмата за прекугранична соработка.

 

Вкупната инвестиција на проектот изнесува 590.213 евра. Носител на проектот е „Здружение Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ)“ од Прилеп.

 

Планирано е да се градат канали за одводнување во должина околу 6 километри. Веќе постоечките канали ископани пред повеќе децении, не се бетонирани и се наоѓаат во крајно лоша состојба, обраснати со треви и грмушки, а неретко служат и како депонии.

 

Поради тоа доаѓа до поплави од кои голема штета имаат земјоделските посеви, но често се поплавуваат и самите куќи во селата. Новоизградените канали ќе бидат широки околу 1.5 метри, а длабоки околу 1 метар.

 

Во општина Могила одводниот канал поминува низ селата Будаково и Трап.

 

Во овој дел кога двата канали од двете населени места ќе се спојат, ќе ги одведат водите од Будаково и Трап во еден поголем канал со што ќе спречиме тие села да се поплавуваат во ноември и декември, кога имаме закани од поплавување. Досега состојбата е непостоечки канал, односно, канали кои што со наша помош, меѓутоа и заедно со месното население сме ги чистеле од бујната вегетација, но тоа беше делумно решение, на овој начин ние долгорочно ќе им го решиме проблемот“, истакна Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.

Во општина Малиќ одводниот канал поминува помеѓу селата Волочишта и Дритас.

 

Овој проект е многу важен, со овој проект конечно ќе се стабилизираат поплавите во оваа област и на некој начин тоа ќе има директна врска со растот на земјоделските производи, но и со инфраструктурата во рамките на селото. Околу 3000 жители на селото Волочишта имаат корист од овој проект и ако тука одадеме 1.500 од селото Дритас, тоа значи 4.500 жители. Од другата страна, 250 хектари земјоделско земјиште имаат корист што ги елиминира поплавите и вишокот на влага“, вели Газим Топчиу градоначалник на Општина Малиќ.

 

Изградбата на каналите ќе обезбеди заштита на земјиштето и живеалиштата :

-> 252,2 KM2 во општина Могила со 6,710 жители
-> 656,34 KM2 во општина Малиќ со 62,666 жители
-> Креирање на дигитална платформа за рано предупредување од поплави и обука на земјоделци

 

Годишно имаме доста пати проблеми со овој канал. Во овој канал кога ќе се собере водата кога имаме силно врнежливо време секогаш се поплавуваат 20-тина куќи“, рече Ѓунер Салиеск, претседател на месна заедница во село Будаково.

 

Нашата заедница честопати беше загрозена од врнежи од дожд, кои се периодични и предизвикуваат поплавување главно на куќи и на растенија со нивно уништување“, додаде Бекташ Мароли, претставник на жителите од селото Волочишта.

 

Крајни корисници од проектот ќе бидат 70.000 луѓе општина Могила и општина Малиќ.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.