Искористени само 43.000 ваучери за туризам од вкупно 110.000

 

 

Искористени се само 43.000 од вкупно 110.000 ваучери за туризам, изјави денес министерот за економија Крешник Бектеши.

 

„Согласно нашите анализи, ваучерите го дадоа ефектот за да им помогнеме на хотелските капацитети, вклучувајќи ги тука и приватните сместувачки капацитети. Тоа го покажува и извештајот на Државниот завид за статистика кој покажа дека во август имаме зголемување на бројот на домашни туристи за 8,9 проценти споредено со 2019 година, а зголемување на бројот на домашни туристи имаме и во септември за 33,7 проценти. Значи, во време на криза, имаме зголемување на бројот на домашни туристи. Мислиме дека овој тренд ќе продолжи и во октомври, ноември и во декември“, истакна Бектеши.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.