ДСЗИ испитува како починале 12 пациенти заболени со корона во клиниките

 

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) испитува како починале 12 пациенти болни од Ковид-19 во клиниките во земјата. Ова следи по случајот на штипското Инфективно одделение, каде што почина 41-годишна пациентка со ковид-19, а нејзината ќерка алармираше преку социјалните мрежи дека немањето боци со кислород во болницата и недоволната грижа биле фатални за нејзината мајка.

 

„Стручни надзори за пациенти починати од ковид-19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до Министерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена документација, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени надзори за уште четири пациенти починати од ковид-19“, информираат од Инспекторатот.

 

По извршениот вонреден инспекциски надзор во штипската болница поради случајот со починатата пациентка, наредено е директорот веднаш да состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход и во рок од 3 дена да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола. Независно од таа Комисија, Инспекторатот ќе изврши посебен надзор врз работењето на болницата.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.