ВИДЕО – Прилепчанецот Тодороски: Државата ми одзеде нива која од 1934-та се води како приватен имот

Државата му одзеде на прилепчанецот Игор Тодороски околу 3,5 декари земјиште кое уште од 1934 година се води како приватен посед. Неговиот татко ја купил парцелата од Јанакиеска Андонова Весела во 1988 година. Тие имале одреден т.н. надворешен договор, но сопствеништвото официјално од Јанакиеска никогаш не се префрлило на Тодороски и во катастар парцелата се до 2017 година се води на Јанакиеска, кога тоа се бриши и нивата станува државен имот. Се водат судски спорови пред основен суд во Прилеп и Апелација во Битола каде Тодороски го губи имотот кој сега станува државен и плус треба да плати 41.000 денари за судски трошоци. Тодороски вели државата тврди дека тука поминувал пат, што според него не било вистина.

 

 

„И во нивата упорно цртаат дека постои пат и цела нива му е пишана пат. Овде никогаш немало пат и ова е приватна нива и приватен двор, тоа е двор, а не пат. Во сите списи и скиции тука никогаш не постоел пат. Значии од 1934 година па се до 2017 година се води како приватен имот“, вели Игор Тодороски, сопственик на спорната парцела.

 

За ова се чуди и синот на Јанакиеска Весела, Марјан Јанакиески, стариот сопственик на нивата, кој му ја продал нивата на Тодороски и кој се уште официјално треба да биде сопственик на парцелата запишан во катастар. Се прашува како може државата вака да одзема имот.

 

„Преименувано е во пат. Не може да биде пат. Еве и да е преименувано, никој не ме известил мене. Јас како го продадов ако било така, ако нивата била пат. И тие што купувале така пат ќе купат или нива? Од катастар се до 2017 година излегува на Јанакиеска Весела, на мајка ми, значи таа е сопственик. Како сега може да е напишан на нив. Или ако ми го одземе еве државава, треба да ме извести? Треба да ме надокнади некако?“, рече Марјан Јанакиески, претходниот сопственик на нивата.

 

Од државниот правобранител во Прилеп на нашите прашања поставени по меил добивме само краток одговор дека за случајот имало донесени судски пресуди и дека сопственците се избришани по сила на закон. И толку, буквално без никакво друго објаснување.

 

Тодороски бара помош од сите надлежни институции да се испиита случајот одново и да ми се врати имотот, кој според него државата бесправно му го одзела.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.