ВИДЕО – Драматична состојба во Прилеп, болничките капацитети исполнети, за прв пат се примени лекување со ковалесцентна плазма

Ситуацијата во Прилеп е крајно драматична и алармантна. Капацитетот на прилепската болница е целосно исполнет, во моментов таму се хоспитализирани 116 пациенти заболени од Ковид 19. Oд болницата се надеваат дека до крајот на денот на домашно лекување ќе бидат пуштении 5 до 6 пациенти за да може тие кревети веднаш да ги пополнат други кои веќе чекаат ред. Токму поради оваа ситуација покрај одделите за очно, ушно и еден отсек на интерно, во моментов се приспособува и 4 ковид цетар, а тоа е еден дел од одделението за гинекологија, што засега е и последниот слободен капацитет во болницата. Сега се бара и персонал за тој центар.

 

 

„Таму прошируваме и веќе е наместено за сместување на уѓте 20 до 25 пациенти отприлика, ќе започне да функционира најверојатно од сабота поради тоа што мора да се обезбеди кадарот кој ќе се грижи за пациентите. И сега сме во тек на тие активности за обезбедување на доктори, сестри и болничари“, истакна Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

Проблем се појавил и со дедимерите, реагенси, кои служат за испитување на пореметување во коагулацијата на крвта која ја предизвиикува корона вирусот. Нова количина ќе стигнела утре.

 

„Ограничена е количината, до кога ќе издржиме со таа количина неможам да кажам. Од компанијата која ги има обезбедено тие реагенси наведуваат дека нова пратка ќе има после една недела“, рече Богоески.

 

Инаку за прв пат во прилепската болница вчера се примени лекување со ковалесцентна плазма на двајца пациенти. Се повикуваат и донатори.

 

„Треба да дојдат тука, денот е среда во 7.30 часот наутро, гладни. Да има поминато 28 дена од последниот симптом од излегувањето од изолација или од негативнииот ПЦР тест“, истакна Виолета Јованоска, началничка на одделот на трансфузиологија.

 

Инаку од почетокот на пандемијата до денес во Прилеп има вкупно 2.325 заболени и околу 100 починати.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи