ВИДЕО – Прилепската група Бен Хур со нова песна – „Беше друга Македонија“

Деновиве е завршено снимањето на најновата песна на прилепската група Бен Хур насловена како „БЕШЕ ДРУГА МАКЕДОНИЈА“, која зборува за времето пред осамостојувањето од аспект на високите морални, етички, културолошки и спортски вредности кои постоеа тогаш, а во однос на денешното време на испревртени мерила за успешност.

 

 

Инспирација на авторот на музиката и текстот Душко Темелкоски, вокалист на групата, беше самосознавањето дека ниту тој, ниту многу негови познаници не се оние истите од пред 90-тите години во таа „друга“ Македонија. Аранжманот и продукцијата се на гитаристот на групата Борче Шабаноски. Песната се промовира со видео запис кој е снимен во пицеријата „Таверна“ во Прилеп, така што умешно е вклопен нејзиниот ретро – амбиент.

 

Видео записот успешно го реализира Фан продукција – Зоран Пилата од Прилеп. По сугестија на Ранко Бубамара вметнати се стари фотографии и кратки видео инсерти кои прикажуваат незаборавни лица од тоа време од светот на музиката, спортот, актерството, секако и легендарните Дарко Панчев и групата Меморија кои се лајт мотив во рефренот. Видео спотот е снимен со несебична поддршка на АД Витаминка – Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.