ВИДЕО – Алармантно и во Крушево, недостига медицински персонал, тестови нема, голем дел од населението во ризична група

Ако за цело време на пандемијата Крушево важеше за град каде воопшто нема заразени со Ковид 19 или повремено се појавуваа по 1 или 2 случаи, од пред неколку недели и тука ситуацијата драматично се промени. Во моментов има активни 65 случаи. Се кубури и со медицински персонал. 1/3 од итната помош во Крушево е во изолација, а градот во моментов функционира со само 2-јца матични лекари. Поради тоа се упатува апел сите кои немаат големи потешкотии да не доаѓаат во Здравствениот дом туку да се лечат дома според препораките. Лекарите се се пожалија дека нема доволно тестови за корона вирус во Прилеп и Битола.

 

 

„Проблемот не само во тестирањето, одат луѓето се тестираат и на приватно, но дел од институциите или лабораториите каде што се тестираат не им ги признава државата тие тестови и резултатите. Тука се судираме со проблем што пациентите после не можат да се појават дека се ковид позитивни и немаат третман, изолација и решение за изолација. На тој начин и системот не може да ги следи и да ги редуцира во движење и проблемот се проширува“, истакна д-р Глигор Стеваноски, матичен лекар.

 

Поради тоа што Крушево е град каде бројот на оние кои се над 60 годишна возратс е голем и скоро сите во ризична категорија граѓаните се исплашени.

 

Луѓето се стварно исплашени и вреди да се плашат“, вели еден крушевчанец.

 

„Сите се плашат, одбегнуваат, нема комуникација, нема раздвиженост меѓу луѓето и претежно шетаат по планиниве“, додаде друг прилепчанец.

 

Александар Степаноски, возач во Здравствениот дом, прележал корона. Упатува апел до сите максимално да ги почитуваат мерките, бидејќи вели вирусот е екстремно опасен.

 

„Го поминав ковидот тешко, со 16 дена температура, 3 дена се борев за кислород. Сакам да искажам и револт према луѓето кои не ги почитуваат мерките. Не можи некој родител да биде позитивен, а синот негов да оди или на лов, или да се шета по продавници, локали, така се шири заразата“, вели Александар Степаноски, прележан од Ковид 19.

 

И од општината апелираат за да не дојде до целосен крах на здравствениот систем во градот граѓаните да не излегуваат без поголема потреба од домовите.

 

„Сите детектирани кластери се од такви, тесни семејни дружби така да апелираме во овој период да се избегнува тоа, да останеме што е можно подолго во домовите“, кажа Сотир Габелоски, Кризен штаб на Општина Крушево.

 

Вирусот удри и по главната екомска гранка во Крушево – туристи нема. Дел и од оние малку резервации се откажуваат.

 

„Резервации се прават но можеби ќе откажат, меѓутоа тоа е тоа, да бидеме среќни што сме здрави и живи. Ќе преживееме некако ќе помине оваа година, да се надеваме дека наредната ќе биде подобро“, истакна Мери Чавкароска, претседател на здружение за туризам и угостителство.

 

Од почетокот на пандемијата до денес во Крушево има околу заболении лица и 8 починати.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.