ВИДЕО – Во прилепската болница хоспитализирани се 110 пациенти, а слободни се уште 30 места

Прилепската општа болница има најголем капацитет за хоспитализирање на пациенти боли од Ковид 19 од сите  други општи болници во државава. Во моментов во инфективното одделение и останатите 4 други ковид центри, кои беа преадаптирани за оваа намена, ушното, очното, еден отсек во интерното оддление, а како последно за оваа намена се преадаптираше и гинеколошкото одделение се сместени 110 пациенти, а има слободни уште 30 места.

 

 

„Значи ние сме разлабавени можеме да примаме да речеме без некои ограничувања пациенти. Имаме сега зголемен број на персонал, лекари немаме да признаеме, ама имаме медицински сестри, болничари, негувателки имаме ии тие многу ни се наоѓаат во работата. Имаме и 4 матични лекари кои волонтираат“, вели Мирјана Крстеска, началник на инфективно одделение во Прилеп.

 

Инаку денеска прилепските бербери, фризери и козметичари организираа хуманитарна акција за донирање на вода и овошје за пациентите болни од Ковид 19 кои се хоспитализирани во прилепската болница. Освен за нив донацијата е наменета и за целиот медициски персонал кој веќе со месеци се наоѓа на првите борбени редови и е крајно истоштен. На акцијата се приклучија и дел од спортските клубови.

 

„Знаеме сите дека пациент легнат во кревет не е сам во состојба да стане и да си наполни вода. Секој еден пациент кој е хоспитализиран во автоматизам значи и дека членовите на неговото семејство се во изолација и со тоа е оневозможено е дистрибуција на вода и овошје за пациентите. Денов како што започна сум убеден дека ќе помине со огромни донации за болницата“, истакна Крешимир Здравески, фризер од Прилеп.

 

Прилепските фирми, како и поединци во последниот период покажаа голема хуманост и општествена одговорност кога станува збор за борбата со корона виирусот. Со средства од прилепскиот бизнис сектор се изгради и централен довод за кислород до инфектиивното одделениие, а со напори на една невладина организација се обезбеди и амбулантно возило од германската амбасада за потребите на болницата. Следна донација која се најавува е набавување на прочистувачи за воздух за потребите на болницата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи