ВИДЕО – Прилепските бербери, фризери и козметичари со голема хуманитарна акција за прилепската болница

Прилепските бербери, фризери и козметичари денеска организираа хуманитарна акција за донирање на вода и овошје за пациентите болни од Ковид 19 кои се хоспитализирани во прилепската болница. Освен за нив донацијата е наменета и за целиот медициски персонал кој веќе со месеци се наоѓа на првите борбени редови и е крајно истоштен.

 

 

„Болницата е преполна со пациенти, оваа болница како и сите во државава кубури со персонал и мора сите да помогнеме на овој начин, затоа што знаеме сите дека пациент легнат во кревет не е сам во состојба да стане и да си наполни вода. Секој еден пациент кој е хоспитализиран во автоматизам значи и дека членовите на неговото семејство се во изолација и со тоа е оневозможено е дистрибуција на вода и овошје за пациентите. Денов како што започна сум убеден дека ќе помине со огромни донации за болницата“, истакна Крешимир Здравески, фризер од Прилеп.

 

Секцијата на бербери, фризери и козметичари од Прилеп е еснафот кој досега покажал најголема хуманост и е дел од повеќе вакви акции. Денеска на акцијата се приклучија и дел од спортските клубови.

 

„Сакаме и ние како спортисти да учествуваме на овој настан, на оваа хуманитарна акција, на било каков начин да помогнеме. Господ да му помогне на сите болни, да имаат добро здравје и сите граѓани треба да се вклучат во вакви акции“, кажа Киро Здравески, спортист ветеран.

 

Прилепските фирми, како и поединци во последниот период покажаа голема хуманост и општествена одговорност кога станува збор за борбата со корона виирусот. Пред неколку денови токму со средства од прилепскиот бизнис сектор се изгради и централен довод за кислород до инфектиивното одделениие, а со напори на една невладина организација се обезбеди и амбулантно возило од германската амбасада за потребите на болницата. Следна донација која се најавува е набавување на прочистувачи за воздух за потребите на болницата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи