ВИДЕО – Филипче: Прилеп нема да добие карантин, ниту ќе се воведат дополнителни рестриктивни мерки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилеп нема да добие карантин, ниту пак во градот ќе се воведат дополнителни рестриктивни мерки како што бараше општината. Министерот Венко Филипче кој денеска го посети Прилеп рече дека иако тука има благ пораст на инциденцата на новодијагностицирани случаи постоечките мерки давале резултат. Кривата na ниво на држава била сериозно зарамнета и имало благо намалување на притисокот во сите болници.

 

 

„Вака димензионираните мерки со затворени угостителски објекти после 21 часот, забрана за групирање практично во текот на целото деноноќие еве постепено ја олабавува ситуацијата и заеднички заклучивме дека нема потреба од воведување на дополнителна рестрикција која што не бил имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат меркиите кои веќе се на сила. Болницата во Прилеп е одлиично организирана, пациенти се сместени на 5 одделенија, мобилизирани се сиите лекари и медицински персонал“, изјави Венко Филипче, Министер за здравство.

 

Градоначалникот на Прилеп иако пред само 2 дена рече дека ситуацијата е крајно драматична и има застрашувачка тенденција на зголемување на бројот на нови случаи денеска рече дека по направената епидемиолошка анкета доволни биле сегашните мерки. Ќе се продолжело со превземање на локални мерки како што бил апелот матичните лекари да волонтираат во инфективното одделение.

 

„Вклучени се и понудени се околу 35 лекари во овој момент, така што ние ќе почнеме. Доволни се на почеток 5 или 6, а потоа секоја недела ќе се зголемува бројот. Најмногу таква помош од матичниите лекари е потрена за време на викендите“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Филипче истакна дека ќе имало доволно тестови за Ковид 19 и брзи и ПЦР тестови, а до Нова Година модуларни болници требало да добијат најкритичните градови во Македониија, а тоа биле Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга. За Прилеп ииако беше ветена ваква болница, се оценило дека засега добро се менаџиира со капацитетот на постоечката болница.

 

Во однос на вакцините за сезонски грип Филипче рече дека тие не биле завршени туку ќе имало и следни тури.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи