ВИДЕО – Пари за Еурокомпозит не се предвидени ни во 2021, екс вработените најавуваат протести и тужба против државата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поранешните вработени во припепски Еурокомпозит денеска го блокираа патот Прилеп-Скопје поради тоа што од Владата им било соопштено дека за нив нема предвидено пари во буџетот за 2021 година, за исплата на несииплатените придонесио од 2012, иако за тоа државата донесе иу закон во 2019 година кој излезе и во Службен весник. Им било кажано дека државата била во голем минус и дека најголем дел од парите ќе оделе за борбата со Ковид 19.  Еурокомпозитовци се крајно револтирани и велат дека Владата ги лажи веќе 3-та година.

 

 

„Дефинитивно како што гледате овие луѓе зад мене се заборавени од оваа држава, од оваа власт. Значи едно 3-4 години не лажат дека ќе ни го решат проблемот, но до ден денес никој нема да го решава нашиот проблем. Проблемот го знаете и вие како новинари, а го знае и цела македонска јавност. Ние сме отпишани, едноставно не не рачунаат како луѓе. Директно разговаравме со претставникот на општествениот капитал Чачорова, која арогантно се однесува и не сака ни да не слушни, ни да разговара со нас. На последната средба со Битиќи ни беше ветено дека Комисијата за финансии ќе го разгледува нашиот случај и ќе даде предлог до Влада во 2021 година во буџетот да влеземе како загубарите што влегоа, да се платат придонесите. Ни рекоа дека има огромна дупка од 100 милиони евра и нема шанса сега да разговараат со нас, сите пари ќе одат за ковид-19“, истакна Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

„Премиерот наш поважно му е да ги легализира опојните средства, него да го реши нашиот проблем. А ни вети дека ова е ситница, 1 милион евра ќе ги платат. Мислам дека поважно му е кога ќе ги реализира опојните дроги, па со средствата од опојните дроги веројатно ќе не исплати и нас“, кажа Борко Томески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Сега некаква минимална надеж полагаат дека прилепските пратеници и од власта и од опозицијата ќе побараат да се одвојата пари за нив со амандман. Во спротивно најавувата тужба против државата.

 

„ Буџетот се разгледува комисиски се уште и до 25 декември треба да се донесе. Јас од овде еден апел да упатам до Владата, Министерството за финансии и до пратениците да се одважат со амандман, бидејќи во буџетот нема ставка, со амандман да се делува и да се усвои, тоа во моментов е единствено исправно решение, ако сакаат. Ако не, нас ни преостанува после Нова Година да најдеме адвокат и да ја тужиме државата за неспроведување на Законот, затоа што Законот во Собранието на Македонија е донесен 2019 година“, истакна Пеце Велјаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Инаку во фирмата се останати уште 50-тина врабитени кои скоро 1 година не земаат плата, а исто толку време не работи ниту самата фирма. Владата подолг период најавува влез на инвеститор, но тоа не се исполнува. Инаку вкупниот долг на Еурокомпозит е околу 6 милиони евра, што и најверојатно е пречката за инвеститорите.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи