Берово најстудено со минус 11 – во Прилеп утрово минус седум

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Утрово најстудено беше во Берово, -11 степени, а максимален еден степен беше измерен во Гевгелија и Дојран.

 

Како што информира УХМР, до седум часот беше -9 во Скопје Петровец, -8 во Струмица, Битола, Крушево и Маврово, -7 во Крива Паланка, Прилеп, Штип и Демир Капија, -6 во Скопје Зајчев Рид, -5 во Тетово, -4 во Дебар, -3 во Охрид и нула степени во Претор.

 

Во текот на денот се очекува времето да биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец и максимална температура од 3 до 9 степени.

 

Според УХМР, изминатите 24 часа наврнале и три литри на метар квадратен воден талог во Виница, два во Прилеп и еден во Берово. Во другите места врнежите биле помали од еден литар на единица површина.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи