КСС: Недела да биде ден за одмор, 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека треба да се направи дополнување на еден член од Законот за работни односи со што недела ќе се прогласи за неработен ден за сите, а оние кои ќе работат да земаат 50% поголема дневница. Се друго според КСС  би било неприфатливо.

 

„КСС стои на ставот дека сегашното Законско решение само треба да се дополни и тоа: – Во членот 134 став 2 да стои: Ден за неделен одмор е недела. Секоја работа во недела се пресметува како прекувремена работа и се исплаќа дневница зголемена за 50%.  Во членот 134 да се додаде став 3: Неделното работно време не смее да се продолжува во недела и важи од понеделник до сабота“, наведуваат од ККС во соопштение испратено до медиумите.

 

Според КСС со ваква измена во членот 134 се заштитува работникот и останато ќе биде само чист популизам.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи