ВИДЕО- Протест во Прилеп : Од Прилеп ќе тргне падот на оваа ненародна власт, Македонија заслужува подобро

Најпрво би сакал да изразам едно големо задоволство за тоа што овој настан наиде на големо разбирање кај нашите сограѓани и сфатија луѓето дека овој настан излегува од клишето на дневнополитичко собирање на поени и видоа дека е вистински народен настан за заштита на македонското ткиво. Ова вечерва го истакна на протест на опозицијата во Прилеп претседатетелот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски.

 

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

„Овој протест кој е за обединување и за зачувување на се она што нашите предци, нашите апостоли направиле за оваа држава и со своите животи се вградиле во неа и наша задача како генерација е да ги зачуваме работите кои што тие ги вградиле во оваа држава и кои треба жестоко да ги браниме.

 

Ве повикувам сите да се појавите на овие настани, да дадете поддршка, затоа што овој протест не разбира ни пол, ни припадност, ниту пак вероисповед. Прилеп секогаш прв го кревал гласот во секоја општествена промена, прв бил и во битките за слобода за Македонија. Така ќе биде и сега, од Прилеп ќе тргне падот на оваа ненародна власт која не го слуша гласот на својот народ.

 

Доста е кариери за вакви политичари, време е да си одите. Македонија и македонскиот народ заслужуваат многу подобри од вас“, рече Проданоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи