Левица со саркастични амандмани: Пратениците кои работат од дома за Велиден да имаат фарбано јајце

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Левица со саркастични и шеговити амандмани се приклучи кон блокадите за онлајн-работа на пратеници поради ковид-19.

 

Имено, во еден од 1.400-те амандмани што ги поднела партијата Левица стои дека за Велигден пратениците кои ќе работат од дома да имаат вапцано јајце покрај себе.

 

„За време на велигденските празници, пратениците кои учествуваат во работата од далечина, пред себе задолжително да имаат велигденско јајце; пратениците кои учествуваат во работата од далечина не смеат да носат облека со обележја на моден салон (месарница, салон за педикир, за маникир…)“, стои во амандманот поднесен од пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

 

 

Измените во деловниот законик беа поднесени од стана на претседателот на Собранието, Талат Џафери, но беа експресно блокирани од страна на сите партии на опозицијата со преку 3.000 амандмани.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи