ВИДЕО – Во Прилеп се организираше хуманитарна акција за 29 годишниот Ѓорге Џонов

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ѓорге Џонов е 29-годишен фудбалер од Пирава, Валандово. Од мали нозе е на фудбалските терени, максимално посветен на фудбалот, со почит кон тимот и противникот, но пред се, Ѓорге е скромно и мирно момче, момче со карактер како што доликува на секој воспитан човек, човек со срце како планина.

 

 

Денес, Ѓорге Џонов е пред најголемиот предизвик во својот живот, во битка со болест за која е неопходно итно лекување во Турција.

 

За лекувањето на Џонов се неопходни 100.000 евра, средства кои во моментов ги нема на располагање, поради што голем број луѓе се активираа во трката со времето за собирање на финансиските средства.

 

За таа цел денеска во Прилеп се организираше хуманитарна акција на цветната улица во близина на „Teko Solar“ и гостилница „Ај по една“ каде имаше поставено кутија за донирање. Акцијата траеше неколку часа. Присутните беа почестени од детските фудбалски акробации.

 

За донација Исто така, отворени се телефонски линии на А1 143 460 и Телеком 143 113. Со еден повик на телефонските броеви донирате 100 денари.

 

 

Средства може да се донираат и на следната банкарска сметка:

 

Ѓорге Џонов

 

Жиро сметка за донации: 200-0023348140-48

 

Стопанска Банка АД – Скопје

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи