ВИДЕО – Масовен протест на тутунарите во Прилеп – „Срамота е килограм тутун да чини колку кутија цигари“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Масовен протест на тутунарите во Прилеп кои продефилираа низ центарот на градот со трактори, возила, а дел од нив одеа и пешки. Незадоволни се од проценките на тутунот кој се откупува по само околу 100 денари за килограм. Со оваа цена не им се покривале ниту трошоците. Велат срамота е килограм тутун да чини колку една кутија цигари.

 

 

„Нашата мака вреди една кутија цигари. Станување во 2 часот, целодневна работа вреди 100 денари, килограм тутун ни се откупува за 100 денари. Се проценува во трета и четврта класа, одбитоци 10%, луѓето одбиваат да го дадат, не можат да ги покријат ни сопствените трошоци. Не кошта 150, ни го замеаат за 120, ова не може вака да биде. Никакви политички партии зад нас не стојат. Ние сме Македонци, Албанци, Турци, Роми, сите националности, нас никој не е обедини, не обедини маката“, истакна Игор Мирчески, тутунопроизводител.

 

Не се согласуваат со ставовите дека годинава реколтата имала послаб квалитет за разлика од лани, бараат државата да им гарантира дека цената нема да биде пониска од 200 денари за килограм, а во спротивно се заканија со протести во повеќе градови и со радикализација.

 

„Значи да се откупи целокупниот тутун, не само по договорите. Луѓето имаат произведено 1.000 килограми, а имаат произведено 800, тие 200 каде ќе ги носат? Значи мора тоа да се среди. Од утре почнува цела Македонија, секаде каде што има тутунопроизводители,  нема да застанеме. Властите, бидејќи е ковид криза, нека имаат во обзир, и тие имаат одговорност, нека го решат проблемот веднаш и сега, а не да дозволат масовно да се собираме. Ќе преземиме порадикални мерки, маката нема да ја дадеме џабе“, додаде Мирчески.

 

Тутунарите сега не го предаваат тутунот. Ако лани ова време имало предадено 10 милиони килограми тутун, сега се предадении само 250.000 килограми. Велат со години немало вакви нисики цени. Бараат поголема поддршка од здружението на тутунари.

 

„И самата цена годинава кажува дека не се плаќа и не се цени реално тутунот. Сега брзо последните години се нема случено за оваа цена да биде тутунот“, вели Борче Петковски, тутунопроизводител.

 

„Здружението го немаше никаде, чекаше ние како иницијативен одбор да застанеме зад народот и народот со нас, за тогаш здружението да се јави и да не поддржи. Истот ака вчера излезе претседателот на Здружението дека ќе ги повлече поверениците за утре и за вторник, па ќе видиме како ќе биде“, кажа Тони Ангелески, тутунопроизводител.

 

Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа пред неколку рече дека ќе се потрудел во договор со откупувачите да се укине 4-тата класа, која е премногу ниска и ги повика сите тутунари да ги пријавуаат неправилностите. Тој не ја исклучи можноста деновиве да ги посети пунктовите во прилепско доколку продолжи незадоволството на тутунарите.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи