ВИДЕО – „Како што партиите си изгласаа пари за нив, така нека најдат решение и за нас, тоа се наши пари“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Тутунарите втор ден на протести во Прилеп. Ниту дождливото време денеска не ги спречи револтот да го искажаат пред пунктот на тутунскиот Комбинат каде истакнаа дека бараат итна средба со Министерот за земјоделство. Велат дека тутунот и понатаму се откупува по цена од 100 до 120 денари за килограм, а тие бараат државата да им гарантира дека таа нема да биде пониска од 200 денари.

 

 

„Ковид ситуација, за сите е криза, ама ние имаме финансиска криза, мора да се реши ова. Проблемот не е само во Прилеп овде, цела Македонија е, денеска има протести во цела Македонија. Луѓе мора да разбериме дека ова мора да се реши, одолговлекување на проблемот не е решение, ќе видиме, ќе правиме не е решение, мора сега и веднаш. Луѓето што имаат мака, го даваат и им го земаат за 100 денари. Треба тие луѓе да живеат, имаат фамилии. Еве вчера се соединија и си изгласаа 3.5 милиони евра сите сложно за партиите, значи можат да го направат тоа, нека го направат тоа и за нас, од нашите пари се тие. Значи ги повикуваме да ја решат ситуацијава“, рече Игор Мирчески, тутунопроизводител.

 

Тутунарите бараат укинување на 4-тата класа, како и на дополнителните класи. Велат срамота е килограм тутун да чини колку една кутија цигари. Исто така побараа Сојузот на земјоделци да ги стопира вагите, а доколку не го направел тоа немало да ги сметаат за нивни легитимни претставници.

 

„Тутунот ние треба да го предадеме, тие имаат проценители, мислиш дека не ја знаат цената колку треба? Ова се знаеше уште од Нова Година кога ни скинаат кецот, мало го одбирав за прва и ми викаа дека прва повеќе не даваме, ако сакаш тројка носи го, ако не кај сакаш носи го. Тоа се знаеше уште по Нова Година дека вака ќе биде. Не уценуваа, не ни го земаа како што треба, кецот ми вика тројка“, вели Гоце Трајкоски, тутунопроизводител.

 

„Не може тројка и четврока тутун да оди, лани одеше двојка и кец истиот тутун. Сега оди тројка и четворка. За тоа да седнеме со преставници од земјоделие, преставници од тутунари и Здружението на тутунари, да седнеме да направиме муабет од 200 денари да не биде подолу тутунот. Имаме и деца мали и нив ги ангажираме преку цело лето, се станува во 2 часот и сега во 5 минути некој да ни го земи за тројка и четворка“, истакна Даниел Ѓорѓиоски, тутунопроизводител,.

 

Доколку овие денови не се реши нивниот пробклем во среда во 12 часот најавија блокада на патот Прилеп-Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи