Македонската економија и официјално во рецесија

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Македонската економија официјално е во рецеција.  Бруто домашниот производ во два последователни квартали забележува пад, односно 14,9 отсто пад на БДП во вториот квартал и 3,3 отсто во третио квартал.

 

За Владата, падот на БДП е очекуван и нема да ги надмине нивните проекции.

 

„Имајќи го во предвид трендот кој е на нагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме и проекциите кои ги имаме за 2020 и нема да имаме поголем пад на економијата од 4,5 отсто односно би требало да се движи од 4,2 до 4,5 отсто“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

 

Најголем пад од 13% се бележи кај бруто инвестициите заради намалените странски директни инвестиции како и послабиот интерес на домашните инвеститори. Но пад има во сите клучни сектори. Личната потрошувачка бележи пад од 4%, Извозот е проектиран со пад од 11,7% а заради послабата потрошувачка се очекува пад и на увозот од 12% како и пад од 26% на дознаките од странство односно на парите кои како девизи ги праќа дијаспората.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи