Тешка сообраќајка во Прилеп- повредени две лица

 

 

Две лица се повредени во сообраќајка во Прилеп.

Според пријавеното, вчера во 07.10 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(64) од Прилеп и патничко возило „рено меган“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Х.З.(34) од Прилеп.

Во незгодата П.Т. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил З.Х.З., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи