ВИДЕО – Ем хоби, ем бизнис – прилепчанецот Дарко Мирчески ги изработува најуникатните новогодишни куќарки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Полека наближуваат Новогодишните и Божикните празници, празничната атмосфера веќе се чувствува насекаде. По домовите се редат новогодишните елки, се купуваат разни украси со кои се разубавува домот во едно празнично светло. Еден од тие украси кои се поставуваат во домовите се и овие макети на куќички кои веќе 8 години ги изработува Дарко Мирчески од Прилеп. Идејата да започне да ги изработува дошла сосема спонтано.

 

 

„Сите сме воодушевени од оние наши стари градби кои се наоѓаат во руралните средини и за жал повеќе ги нема нив. Затоа понесен од тој дел, а и оваа предновогодишна атмосфера која секоја година владее насекаде во светот, сакав да доловам и да донесам една комбинација од таа страна наша градба и она што за жал сега повеќе дури и го нема, а тоа е снегот. Создадена е една комбинација од таа градба и оваа идеа да се добие налик куќичката“, вели Дарко Мирчески, изработувач на макети новогодишнии куќарки.

 

Дел од материјалите со кои ги изработува куќичките се вештачки, а дел пак се природни материјалии како камен, дрвца, трски, слама и слично. Моделите најчесто се негова креација, според неговата замисла, а понекогаш ги прави и според фотографии.

 

„Материјалите се наоѓаат во сите подобро снабдени продавници за бои и лакови, се однесува тоа на лепакот и некои други елемнти, а основата на градбата е од каменот. Каменот го имаме во природата, дрвцата, тие трски се собрани од природата“, додава Мирчески.

 

Прво започнал да ги изработува овие куќички за себе, но кога истите ги објавил на ФБ и другите социјални мрежи веднаш се појавиле заинтересирани луѓе кои сакале да му ги купат овие интересни модели. Ги изработува само во текот на зимата, а ретко и во друг период од годината.

 

„Тогаш веќе ги пуштивме, отворивме и своја фејсбук страница и почнавме да ги продаваме. Во просек не може многу да се изработат бидејќи сето тука е рачно, немаме ништо тука индустриско производство односно готов материјал или готов шаблон. Некаде околу 40 до 50 во сезона, тоа значи за три месеци од октомври, ноември и декември максимумот е тој. Претежно ги работиме само во овој период, значи може да се наречи дека е сезонска работа, но во текот на годината изработуваме и макети. Најчесто ни порачуваат луѓе кои имаат викендици, или па некои стари куќи во нивните средини, во селата и ги преставуваме и изработуваме како макета, но тоа е поретко“, истакна Мирчески.

 

Освен што ги купувале готовите модели, дел од оние кои сакаат да ги имаат овие куќички имале и посебни барања како тие да бидат изработени.

 

„Значи клиентите најчесто ги купуваат онака како ние ги изработуваме, но сепак има и такви кои бараат и некој друг детал. Значи ја разгледуваат цела колекција на куќарки и од нив кажуваат дека сакаат од едната да биде оџакот, да има скара и си прават свои комбинации, но тоа е поретко“, кажа Мирчески.

 

Една ваквав куќичка ја изиработува од 2 до 4 дена во зависност од нејзнината големина ии декорација. Во ова хоби, но и бизнис му помага и неговата сопруга. Освен куќички во последно време за Божик започнал да изработува и макети на пештерата каде е тоден Господ Исус Христос.

 

„Покрај останатите макети и овие новогодишни куќарки, пред една година воведовме и една новина, а тоа е сцена од Христовото раѓање, односно пештерата или како ги нарекуваат јасли. Тие се изработуваат од пурпена и се местат внатре фигуричките и баш интересно изгледаат како модел. Значи нешто ново, не е како оние класични кои ги среќаваме во индустриско производство колибка, туку е буквално налик на пештера“, вели Мирчески.

 

Засега овие макети ги продава само во Македонија, но негова желба е истите да може да ги пласира и во странство.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи