Полицијата заплени 53 килограми марихуана во прилепско – приведен и дилерот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, на 08.12.2020 во 13 часот во близина на с. Старо Лагово го лишија од слобода Ф.Д. (46) од с.Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“.

 

На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми.

 

По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи