Во понеделник Еурокомпозитовци на протест пред Влада и Собранието во Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Вработените во Еурокомпозит, поранешните вработени кои беа прогласени како технолошки вишок, како и пензионерите, пензионирани во перииодот од 2012 година до денес во знак на револт и огорченост по информацијата дека во буџетот на РМ за 2021 година не се предвидени пари за Еурокомпозит, во понеделник на 14 декември ќе  одржат протест во Скопје пред Владата и Собранието од РМ од 11 до 14 часот.

 

„На протестот уште еднаш со ќе побараме со амандман да се обезбедат средства во буџетотт за 2021 година за плакање на придонесите за кои да напоменеме постои и закон донесен во Собранието на ден 10 ноември 2019 година. Се надеваме дека Владата и пратениците, особено од владеачкото м,нозинство ќе се одважат и ќе донесат правилна одлука за конечно еднаш засекогаш да се решии проблемот за вработените во Еурокомпозит“, истакна Пеце Велјаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Инаку пред неколклу дена беше одбиен амандманот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп кои побараа со амандман да се обезбедат средства во буџетот за 2021 за Еурокомпозит.

 

Еурокомпозитовци се заканија дека ако и сега не бидат послушани ќе покренат тужба против државата како нивни работодавач.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи