Прилепчаните Рубин Гулабоски и Валентин Мирчески на листата топ 2% најцитирани и највлијателни научници на светско ниво

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Шест македонски научници (Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов) се најдоа на листата на топ 2% најцитирани и највлијателни научници на светско ниво од сите области, публикувана од Stanford Универзитетот oд USA за 2020 година.

 

Професорот Љупчо Коцарев (претседател на МАНУ), професорот Леонид Грчев (член на МАНУ), професорот Валентин Мирчески (Институт за Хемија при ПМФ Скопје), професорот Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки на Универзитетот Гоце Делчев Штип), како и пензионираните професори Иван Грозданов и Трајче Стафилов (двајцата од Институт за Хемија при ПМФ Скопје) се најдоа на листата на Stanford University USA за највлијатилени и најцитирани научници за 2020 година. На листата е и професор Ратко Јанев (член на МАНУ), кој за жал почина пред една година.

 

Листата на најдобрите 2% светски научници за 2020 година е резултат на опсежни анализи на научниците од Stanford Универзитетот (втор најдобар универзитет во светот), за чие формирање се анализирани голем број на релевантни индикатори како што се број на објавени трудови, цитираност, вкупен број на објавени трудови, h-index на цитираност, број на поминати години од првиот објавен труд на научниците, како и вкупен импакт во соодветното поле на истражување. Трудот на еминентните научници од Stanford University (Citation: Ioannidis JPA, Boyack KW, Baas J (2020) Updated science-wide author databases of standardized citation indicators. PLoS Biol 18(10): e3000918. https://doi.org/10.1371/journal.pbio.3000918) е објавен во еминентното списание PloS Biol и може да се најде на следната веб страна, каде има и достап до целосната дата база на 2% највлијателни светски научници во 2020.

 

Ова е огромен успех за македонските научници и за македонската наука, знаејќи дека години наназад не постојат ни минимални услови за наука во Македонија, а годишно од буџетот на Македонија се издвојуваат помалку од 0.1% за наука во последните 15 години.

 

Извор: Студенти.мк

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи