Советот донесе повеќе одлуки од интерес на граѓаните на општина Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа својата 50-та седница. На седницата која беше одржана преку видео-конференциска врска, советниците расправаа за повеќе точки кои што се од интерес на граѓаните.

 

Советниците ги усвоија Програмата за работа и финансискиот план за 2021 година на ЈКП „Пазари“, а дадоа согласност и за финансискиот план и измените на годишниот план за вработување во 2021 година на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

 

Исто така, усвоена беше и Одлуката за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП-Прилеп, за период од 01.07.2020 година до 30.09.2020 година.

 

На денешната седница, членовите на општинскиот Совет ги изгласаа и заклучоците за усвојување на Збирниот извештај за проценетата штета на подрачјето на општина Прилеп од невремето во деновите 17, 19 и 25 август 2020 година. Покрај земјоделски површини во градот, со невремето беа зафатени и повеќе населени места во општината, меѓу кои и Ерековци, Канатларци, Мажучиште, Селце, Присад и др. Со невремето беа погодени земјоделски култури на површина 284 хектари, а вкупната проценета штета изнесува 45.308.000 денари.

 

„Зелено светло“ доби и Одлуката за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште, за изградба на училишна спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“.

 

Советниците ги изгласаа и Решенијата за измена и дополнување на Решението за формирање на комисиите за општествени дејности и правата на децата, за одбележување  празници и манифестации и доделување награди и признанија, како и комисијата за родова еднаквост, а едногласно беа изгласани и дополнувањата на Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп.

 

На седницата беа усвоени повеќе барања на граѓаните од општина Прилеп, за легализација на бесправно изградени објекти.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи