Во Крушево се отвора пункт за тестирање за ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Во Здравствениот дом во Крушево ќе се започне со тестирање благодарение на тестовите обезбедени преку Министерство за здравството.

 

Здравствениот дом денеска објави дека за многу скоро ќе се започне со тестирање, а граѓаните ќе можат да закажуваат тестирање преку матичните лекари.

 

„Благодарение на донацијата од Министерството за здравство, во најскоро време ЈЗУ Здравствен Дом Крушево ќе врши тестирања за COVID 19. Тестирањата ќе се прават преку Мој Термин со закажување од матичниот лекар“, велат од Здравствен дом Крушево

 

За градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ова е уште еден важен чекор во насока на справување со вирусот.

 

„Министерството за здравство овозможува тестирање и во Крушево. Со тоа сите граѓани на општина Крушево ќе имаат во секое време термини за тестирање и нема да мора да одат во соседните општини за да се тестираат. Овој чекор сериозно ќе ја олесни работата на матичните лекари, здравствениот дом и ќе им се олесни на граѓаните во тие тешки моменти кога се сомневаат и покажуваат симптоми и се упатуваат од матичните на тестирање“, изјави градоначалникот Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи