Граѓаните повторно ќе плаќаат сметки и подигаат пензии преку пошта од 1 март

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Граѓаните од први март следната година ќе може повторно да плаќаат сметки, и да подигнуваат пензија преку Македонска пошта. Од пошта уверуваат дека до крајот на годинава ќе го потпишат договорот со Халк банка по што обврската на банката е во рок од два месеци технички да се поврзе со системот на пошта.

 

„Очекувам од 1 март граѓаните да можат да плаќаат, по најниска провизија, на 330-те точки кои ги одржуваме. Верувам дека со дополнителни активности ќе го скратиме времето од потпишување на договорот со банката и дека до крајот на годината ќе го потпишеме“, денес соопшти директорот на „Македонска пошта“, Јани Макрадули.

 

Говорејќи за состојбата во ова акционерско друштво во државна сопственост, Макрадули рече дека има големи долгови од околу 10 милиони евра, за кои вината ја припиша на извршната власт, а не на менаџерските тимови.

 

„Два и пол милиони евра продажба на акции од Владата не стигнале во ‘Пошта’, седум милиони евра не ги добила ‘Пошта’ од Владата како простување на долговите на јавните претпријатија. Значи, околу 10 милиони евра долг не го направил менаџментот, туку тоа се одлуки на Владата, за што не е виновен менаџментот во генералните трошоци“, рече Макрадули.

 

Македонска пошта остана без платен промет уште во август откако пропадна Еуростандард банка со која имаше склучено договор. Оттогаш филијалите на пошта функционираа само за испраќање на пратки и писма.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи