Ајде да донираме што е можно повеќе за оние кои немаат – хуманитарна акција за Божик 2021

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“, при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп годинава по 12-ти пат ја организира хуманитарната акција за Божик 2021 година.

 

Браќа и сестри во Христа поради ковид кризата ве известуваме дека оваа година хуманитарната акција нема да се одвива само на 19.12.2020г. односно на празникот Св.Никола, како предходните години и ќе трае подолго. Кутиите во кои ќе се собираат парични средства се веќе поставени и ќе останат до крајот на месец декември во црквите: Св.Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и Св. Петка – Точила.

 

Со вашето присуство, а на наша голема радост, ќе ја збогатите нашата акција за помош на бедните и сиромашни сограѓани во нашиот град.

 

Акцијата се состои во донирање на паричен прилог според Вашите можности во посебно означените кутии во храмовите, чии средства ќе се искористат во добротворни цели. Оваа акција се организира по 12-ти пат годинава, па затоа вашата поддршка ќе биде добредојдена, имајќи надеж дека оваа акција ќе премине во традиција и за наредните години.

 

Драги браќа и сестри во Христа.

 

Светиот апостол Павле пак ни вели: „Голема печалба е човек да биде благочестив и задоволен со себеси“. Бидејќи ништо не сме донеле на овој свет, јасно е дека и ништо не ќе можеме да однесеме. Скромно и правилно и христијански е да ги помогнеме сиромашните сограѓани за и тие да ја почуствуваат празничната радост и да се зарадуваат во еден од најсветите и најрадосни празници „Рождество Христово – Божик“.

 

Да се трудиме да го следиме делото на св. Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, кој секогаш тајно ги помагал сиромасите, и да го молиме да се застапува за нас и за нашиот град пред престолот Божји.

           

Нека Господ Бог го благослови вашето добро дело!“, велат од Хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи