ДИК: Излезноста во Штип до 11 часот е 8,52%, во Пласница 13,12%

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Гласањето на предвремени избори за градоначалници во Штип и Пласница досега се одвива без никакви проблеми, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК).

 

Според податоците, до 11 часот во Општина Штип гласале 3.561 лице што значи дека излезноста е 8,52%.

 

Во Пласница, пак, гласале 650 жители и излезноста е 13,12%.

 

Вкупно, во Штип право на глас имаат 41 177 гласачи, а во Пласница 4 954.

 

На денешното гласање потребно е да излезат една третина од вкупниот број гласачи на избирачкиот список, а ќе победи оној кандидат кој освоил мнозинство од гласовите на избирачите кои гласале. Според Изборниот законик, ако во првиот круг ниту еден кандидат не го добил потребното мнозинство, во вториот ќе се гласа за двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ако има потреба, втор круг за овие предвремени избори ќе се одржи на 27 декември.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи