Излезност на изборите до 13 часот: Во Штип гласале 16,61% од гласачите, во Пласница 22,35%

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Без проблеми досега се одвивало гласањето на предвремените избори за градоначалници во општините Штип и Пласница, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК).

 

Нејзиниот последен пресек за одзивот, покажува дека до 13 часот во Штип гласале 6.938 гласачи односно 16,61 проценти.

 

Во Пласница, пак, гласале 1 107 лица или 22,35%.

 

Во двете општини се спроведуваат предвремени избори бидејќи старите градоначалници заминаа на нови функции во извршната односно законодавната власт. Штипјани избираат меѓу пет, а жителите на Пласница помеѓу двајца кандидати.

 

Во Штип право на глас имаат 41.177 гласачи, а во Пласница 4.954.

 

На денешното гласање потребно е да излезат една третина од вкупниот број гласачи на избирачкиот список, а ќе победи оној кандидат кој освоил мнозинство од гласовите на избирачите кои гласале. Според Изборниот законик, ако во првиот круг ниту еден кандидат не го добил потребното мнозинство, во вториот ќе се гласа за двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ако има потреба втор круг ќе се одржии на 27 декември.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи