Масовен протест на тутунарите во среда на Заполшки мост со блокада на патот Скопје-Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Иницијативниот одбор на тутунопроизводителите кои ги организира протестите во Прилеп донесе одлука во среда од 10 до 12 часот да се одржи масовен протест на тутунарите на Заполшки мост кај Прилеп со блокада на патот Скопје—Прилеп.

 

Ова пред малку на својот ФБ профил го објавија членовите Одборот на тутунарите.

 

Оваа одлука доаѓа откако денеска тутунарите изјави дека повторно биле излажани од откупувачите и обвинија дека ситуцијата била иста како и минатата недела и тутунот не се ценел реално. Благо зголемување на линијата имало само во Тутунски Комбинат Прилеп, во градскиот откуп.

 

Тутунарите за утре бараат итна средба со Министерот за земјоделство за оваа ситуација и гаранција за тоа што се договориле. Велат дека без разлика дали утре ќе има или нема да има средба со Министерот и без разлика на нејзиниот исход, протестот во среда ќе се одржел.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи