ВИДЕО – Тутунарите излажани од откупувачите, бараат утре итна средба со министерот или во среда најавуваат нови протести

Тутунарите денеска повторно излажани од откупувачите, обвинуваат дека ситуцијата била иста како и минатата недела и тутунот не се ценел реално. Благо зголемување на линијата имало само во Тутунски Комбинат Прилеп. И од Иницијативниот одбор на тутунарите кои претходно ги организиираа протестите и од Сојузот на земјоделци денеска побараа утре да остварат итна средба со министерот за земјдоелство, во спротивно најавија дека ќе организираат штрајкови и блокади во цела Македонија. Истакнаа дека биле поддржани и од лозарите, оризарите и од земјоделци кои произведуваат други земјоделски култури  .

 

 

„Освен Тутунски Комбинат Прилеп, во градскиот откуп, има иницијатива на благо попуштање на линиијата, другите откупувачиите си ја тераат иситата песна. Значи се што е договорено испадна дека е лага. Министерот го излажаа и ја лажат целата јавност. Со тоа создадоа уште поголем револт и поголем гнев кај тутунопроизводителите. Апелирам тутунарите да не го даваат родот. Ќе одиме до крај. Бараме средба утре министерот да дојде во Прилеп, да ги посетиме и другите откупувачи. Ако утре, на таа средба, ако нормално се оствари, не се дадат гаранции, откупот да се движи до крајот на откупната кампања, а не да играме топло – ладно, ден оди, ден не оди во Ивањевци, не оди во Кавадарци, или било каде… Треба да биде иста линијата на цела територија на Република Македонија, постапки не треба да има ниедно откупно место и за ниеден откупувач. Доколку не добиеме такви гаранции, в среда, нашето членство ќе ги повикаме тутунарите на протести низ цела Македонија, а имаме поддршка и од оризарите, и од лозарите“, истакна Игор Мирчески од ИО на Македонски тутунари.

 

„Имало во Тутунскиот комбинат Прилеп благо подобрување, за во Конче иимало и таму благо подобрување, но не е тоа што требаше да се исполни и нашите барања да бидат во целост прифатени. Во Могила го имаат истиот проблем како во Прилеп. Намалени се само одбитоците на 5 до 6%, друго се е исто, луѓето што носат си го враќаат“, додаде Тони Ангелески, од ИО на Македонски тутунари.

 

 

Претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски потврдува дека проценката не е реална, ниту се почитува договореното.

 

„На терен работата не е како што се договоривме. Прво, сѐ уште се одбиваат нетутунски материјали, повеќе од договоренто, проценката повторно е нереална. Се зема само пет отсто првата берба, а законски е 30 проценти. Земаат на еден тон две кутии, другото, велат да се врати назад. Се слушнавме со министерот за земјоделство, бараме утре да дојде, да се појде во фирмите дирекно да преговараме. Доколку не сакаат, покрај што поверениците ќе стопираат и ќе пријавуваат до второстепената комисија, ќе ги блокираме откупните компании“, рече Стомнароски.

 

Од 23 000 тони тутун, досега се откупени само 1,6 насто. Во земјава од тутунот живеат околу 30 000 семејства. Инаку, утре 15 декември е крајниот законскиот рок сите откупувачи да ги отворат пунктовите.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи