Центарот за граѓанска иницијатива почна со поделбата на 111 хуманитарни пакети

Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп продолжува со придонесот кон полесно справување со COVID-19 пандемијата и продолжи со акцијата за донирање. Имено денеска почна поделбата на 111 хуманитарни пакети во хигиенски средства за социјално загрозени семејства со приоритет на Ромите од Општина Прилеп.

 

Овие хуманитарни пакети се дел од проектот „Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани заедници фаза II“, проект кој што е поддржан Германска Амбасада при Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Ова поделба на социјални пакети беше најавена претходната недела кога ЦГИ подели 30 таблети на ученици во средните училишта „Орде Чопела“ и „Ѓорче Петров“ во Прилеп и на 4 ученици од основните училишта во Долнени.

 

 

Пакетите ги делеше Извршниот директор на Центар за граѓанска иницијатива Гоце Тодороски, тој ги информира семејставата кои ги примаа пакетите дека станува збор за двократна помош и дека до крајот на оваа година ќе добијат по уште еден пакет.

 

Директорката на основното училиште „Добре Јованоски“ Сузана Дарковска се заблагодари за помошта која ЦГИ ја дава на семејствата на нивните ученици.

 

 

Центар за граѓанска иницијатива продолжува да работи за помош на граѓаните кои се погодени од COVID-19 пандемијата. Во овој период се прави листа на потреби за да се идентификуваат заедничките проблеми и да се продолжи со помош на тие на кои им е најнеопходно.

 

Гоце Тодороски кажа дека оваа помош е благодарение на донаторот Германска Амбасада при Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија и се заблагодари за нивната несебична и континуирана помош.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи