ВИДЕО – Тутунарите од цела Пелагонија го блокираа патот Прилеп-Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Oгромен број тутунари од цела Пелагонија денеска го блокираа патниот паравец Прилеп-Скопје кај месноста Заполшки мост. Обвинуваат дека откупувачите не го испочитувале договорот кој бил постигнат во петокот во Скопје. Ќе продолжеле со протестите се додека не започнела реална проценка на тутунот. За да не дојде до радикализација и ширење на Ковид 19 со ваквите протести бараат од државата веднаш да го реши овој нивни проблем затоа што велат ситуацијата лесно можела да излези од контрола.

 

 

„Ова веќе ќе излези надвор од контрола, веднаш под итно да дадат гаранции за тоа што го бараме, да гарантираат откупувачите кон државата, оти ова ќе прерасне во анархија, во збирања, во ширење на ковид кластери, луѓево немаат каде. Нема да се повлечат, верувајте ќе одат само напред и напред“, вели Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунарите.

 

„Нам ни е сосем сеедно дали ќе умреме од настинка, корона или глад. Ако е потребно, до идната нова година ќе блокираме, ќе ја блокираме цела држава. Има светот да се чуди со блокади се додека не го постигнеме она што го бараме, а тоа е достоинствен живот, услови за достоинствен живот за сите овие луѓе што овде ги гледате“, истакна Васко Јосифоски, тутунопроизводител од Трновци.

 

Тутунарите бараат итно укинување на 4-тата класа која според нив ги предизвикувала најголемиот дел од проблемите и ја уривала нормалната цена на тутунот, која според нив требало да биди од 180 до 190 денари за килограм.

 

„Да отстапат тутунооткупувачите од 4 класа и сите ќе се сложат со тоа дека просекот ќе дојде минимум 180 до 190 денари по човек“, потенцираше рече Флоре Грујоски, тутунопроизводител од Могила.

 

Инаку вчера министерот за земјдоделство оствари по втор пат средба со тутунарите во Прилеп и истакна декка до петок ќе се одвивале и протести и откуп во исто време, а во петок ќе се направел пресек од цела недела за да се утврди вистинската состојба како се проценува тутунот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи